Полицијата уапсила свештеник од Хај Поинт, Северна Каролина, откако конфликтот на работно место прераснал во физички напад.
Менаџерка на обука во Мекдоналдс во четвртокот му се пожалила на сопругот (свештеник) дека вработените не ја почитуваат, па тој дошол на нејзиното работно место.
Таму 57-годишниот Двејн Вејден го нападнал готвачот, му ја турнал главата кон фритеза и го удрил во лицето, соопшти полицијата. Вработените во Мекдоналдс му дошле на помош на нападнатиот готвач и го оттурнале Вејден од жртвата. Во полицискиот извештај се наведува дека готвачот се здобил со гребаници на вратот и голема контузија на челото и десното око, пишува CBS News.
На страницата на Фејсбук пишува дека Вејден е свештеник во црквата „Eleved Life“ и возач на камион. Тој е уапсен под обвинение за напад и пуштен со кауција од 1.000 долари. Неговата сопруга по инцидентот повеќе не работи во Мекдоналдс.