За сите деца во Србија среќно да играат“: Фановите на Партизан фрлија 10.000 играчки на теренот за деца од ранливи категории (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Прекрасен гест им ги згреа срцата на присутните на натпреварот меѓу Партизан и Виртус Болоња во „Штарк Арената“ во Белград.

Фановите на Партизан фрлија над 10.000 играчки на теренот кои ќе бидат наменети за дечиња од социјално загрозени семејства. За секоја фрлена играчка, еден од спонзорите на клубот ќе донира по 1.000 динари за купување зимска опрема и облека за децата од ранливите категории.

За сите деца во Србија среќно да играат! Благодариме црно-бели“ – стои во описот на видеото споделено на социјалните мрежи.

https://twitter.com/i/status/1740429800152387782

останати вести