Младата Македонка Теона е светски хит: Зборува англиски на 10 различни акценти (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Девојката која го освои светот е од Македонија , а нејзиниот талент воодушевува.

„Сите акценти се точни, звучи исто како некои мои пријатели од други земји“ – стои во еден од коментарите до најновото видео што Теона Сима го објави на Инстаграм, а во кое зборува на англиски јазик со различни акценти. Видеото за брзо време стана вистински хит и на Твитер.

Откако ги освои Инстаграм и ТикТок, забавните видеа на Теона Сима, која имитира различни акценти, станаа вистински хит и на Твитер.

Теона Сима на Инстаграм и на ТикТок е позната како @thelanguageblondie, а на својот Инстаграм профил објави видео во кое раскажува зошто е возбудена да се врати на универзитет, при што, постојано го менува акцентот на англискиот јазик.

Станува збор за видео предизвик, во кое нејзините пријатели ѝ задаваат задачи да почне да зборува со различен акцент.

Видеото стана хит и на социјалната мрежа X (Твитер), каде што има над 44 милиони прегледи и безброј пофални коментари.

останати вести