Актерот Марк Волберг традиционално, секоја година околу Божиќ го носи семејството на Барбадос каде уживаат во сонцето. Така било и годинава.
Марк Волберг има 52 години, но кога ќе го погледнете ќе си помислите дека е барем една деценија помлад. Оние кои го познаваат велат дека го запрел стареењето со суровиот начин на вежбање и исхраната. Имено, актерот секој ден станува во 3 и 30 за да вежба, медитира и изгледа така како што изгледа денес.
Причина? „Претходно станувало збор за естетика, а денес тоа е желба за долго да живеам“, вели Волберг којшто тврди дека во семејството е исклучок со таквиот начин на живот.
Додека тој вежба и вредно снима филмови, неговата седум години помлада сопруга Рија Дарм се грижи за децата и куќата.
Парот има две деца и приватен бизнис со ланци на теретани. Рија води сметка за работата, децата и домот. Некогашниот топ-модел со радост ја прифатила можноста да биде „домаќинка“ и да се тргне од светот на познатите.
За разлика од Марк таа не се грижи толку многу за својот изглед и попрво секој момент го користи за да ужива.
Очигледно дека Рија сфатила дека не е сѐ во изгледот и секоја често поради тоа за неа.