Дејвид Марија Ентони Рајан (33) е обвинет дека пипкал 33 жени во ноќниот клуб Прахран во Мелбурн во периодот меѓу септември и октомври оваа година.
33-годишникот е обвинет за повеќе од 70 сексуални престапи за наводно допирање на задникот, градите и гениталиите на своите жртви без нивна согласност.
Полицијата во моментов утврдува кои се неговите жртви за да најде сведоци во случајот.
Поранешниот ИТ работник е обвинет и за бакнување на неколку жртви по главата и рамениците, како и за триење со меѓуножјето на жените.
Дејвид денеска бил на Судот во Мелбурн на кратко рочиште каде што обвинителите побарале уште 12 недели за да ги прегледаат сите снимки од надзорните камери на клубот.
Камерите успеале да ги снимат овие непријатни моменти како демначот ги допира жртвите, па сега обвинителите се обидуваат да ги идентификуваат жените.
Многу од жените досега биле пронајдени и контактирани од полицијата во врска со наводните прекршоци.
„Голем број жртви не се австралиски државјани“, изјавил обвинителот во судот и додаде дека вклучените жени се жени кои дошле во Австралија на одмор, а полицијата ќе мора да побара меѓународна соработка, пренесува 9news.
Дејвид Рајан повторно ќе се појави на суд на 10 мај.