Легендарниот Јан Улрих (50), некогашниот освојувач на „Tour de France“, открил шокантни детали од својот бурен живот.
Улрих од 1995 до 2006 година бил активен велосипедист, а успехот на кариерата го постигнал во 1997 година како возач на тимот „Телеком“, ја освоил престижната трка „Tour de France“.
Во документарецот под наслов „Јан Улрих – ловец“, некогашниот германски спортист говорел за мрачните моменти од својот живот и периодот кога се вратил на пороците.
„Не пиев девет месеци, но еден ден сам испив чаша и после одредено време изгубив контрола. Преминав од вино на виски. Прво по една чаша дневно, па две, секоја недела бев поспан. Спортист од високо ниво, можев да го туркам своето тело до крајност. Тоа ми овозможуваше да победам на Тур, но и да одам во друг правец. Можев да пијам повеќе виски и да шмркам повеќе и повеќе кокаин. Многу од луѓето извршија самоубиство, но моето тело пружаше отпор“, изјавил Улрих.
Капацитетот на белите дробови го искористил на погрешен начин.
„Сам ги смислив предизвиците. Еднаш сакав да поставам светски рекорд – испушив повеќе од 700 цигари во еден ден. Загатката е како издржав толку“.
Кариерата ја завршил кога сфатил дека не може да биде рамноправен со најдобрите велосипедисти.
„Од расен преминав на селски коњ и во 2006 година не бев меѓу фаворитите за освојување на Тур. Тоа е тешко и уште ме боли. Си создавам свои проблеми за своите грешки и слабости. Бев на врвот, а паднав во пеколот и сега се борам да бидам на средина“.
Големата борба следела откако ја завршил кариерата.
„Во 2018 година бев навистина депресивен. Како велосипедист патев, но после кариерата тоа патење замина во погрешен правец. Тогаш бев на најниска точка, во сѐ што човек може да издржи физички и ментално. Следниот чекор би бил смрт“, изјавил Германецот.