Викторија Бекам повторно го полуди интернетот откако сподели видео од нејзиниот сопруг како вежба.
Поранешната членка на Spice Girls се огласи на Инстаграм за да покаже како Дејвид ги потпира рацете на подот додека отскокнува напред-назад на душекот за вежбање, објави ТМЗ.
„Утрински тренинзи со оваа љубовна машина“, напиша таа во објавата. Сепак, вежбањето на Дејвид ги доведе следбеничките на Викторија на Инстаграм во транс – особено што таа ја насочи камерата на телефонот директно на задната страна на нејзиниот сопруг. Многумина ѝ се заблагодарија за ова видео.
“О Вики Б! Дали гејовите би можеле да те сакаат повеќе?!”, “Викторија, толку многу направи за нас…”, “Таа знае што прави”, “Во име на жените ширум светот – ти благодарам “, „Ова е хуманитарна работа“, „Се чувствувам виновна само што го гледам ова“, „Викторија ја враќа вербата во божиќното чудо“, се само дел од коментарите.
Ова не е прв пат мајката на четири деца да споделува провокативни објави на нејзиниот 24 години помлад сопруг. Минатата недела Викторија на Инстаграм објави фотографија од Дејвид како го поправа телевизорот во долна облека. Поради таа слика, Samsung јавно се огради од одговорност.