Францускиот актер и режисер Винсент Касел (57) е познат по врските со легендарната Моника Белучи и неговата втора сопруга Тина Кунаки, но изгледа дека 56-годишниот Французин веќе подолго време престанал да размислува за нив.
Сега неговиот фокус е на неговата нова девојка, 27-годишната Нара Баптиста, поради која ги промени секојдневните навики и прифати здрав живот. Секое утро тренираат заедно. Сега се фатени во моменти на одмор и уживање на плажата во Рио де Жанеиро. Тие се релаксираа на познатата плажа Ипанема, а убавата 27-годишна девојка го покажа сиот свој раскош во минијатурно бикини.
Долгата коса ја врза во реп, а во преден план беше нејзиното заоблено тело во шарени бикини.
Тие цело време разговараа и се смешкаа еден на друг, Касел повремено го вртеше погледот кон атрибутите на својата сакана.
Нара е бразилско-австралиска манекенка и 30 години помлада од нејзиниот партнер актер. Многумина не можат да побегнат од впечатокот дека Тина и Нара се многу слични – и двете се жени со темна кожа со кадрава коса и витки фигури. Потсетуваме, Касел беше со Тина пет години, се венчаа во 2018 година, а ја добија и ќерката Амазонија.
Винсент е познат по тоа што беше во врска со многу познати жени, меѓу кои и Моника Белучи, со која има две ќерки Дева и Леони.