Кога ќе се спомене Џеф Безос, луѓето веднаш зборуваат за Лорен Санчез, убавата свршеница на милијардерот.
Безос и Санчез првпат ја објавија својата врска во 2019 година, а оттогаш таблоидите се полни со приказни за нив.
Иако деталите од нивниот заеднички живот главно се чуваа во тајност, Лорен Санчез сака да покажува фотографии од нејзиниот приватен живот.
Лорен синоќа на социјалните мрежи се пофали со фотографии со другарките на предроденденска забава и напиша: „Ден пред мојот роденден преплавена сум со љубов и толку благодарена што славам со овие прекрасни жени кои се огромен дел од мојот живот“.
Но, нејзиниот емотивен опис не е во центарот на вниманието туку нејзиниот црвен фустан кој повеќе открива отколку што покрива на прославата на нејзиниот 54-ти роденден.