Познатиот аргентински тенисер, Давид Налбандијан (41), беше обвинет дека ја малтретирал и демнел својата поранешна девојка Арсели Торадо (30). Атрактивната Аргентинка побара од судот да му одреди забрана за приближување на поранешниот тенисер откако пронашла скриена камера во клима-уредот во својата спална соба.
Таа тврди дека Налбандијан поставил камера во куќата што ја изнајмил во Буенос Аирес. Таа доставила до судот видео на кое е снимен моментот кога нејзиниот брат ја нашол камерата во клима-уредот, а наводно го има и признанието на тенисерот на „Whats App“ дека ја поставил камерата.
Братот на Арсел забележал одраз зад отворот на клима-уредот кога влегол во нејзината соба, па го тргнал капакот и ја нашол камерата. Жешката бринета била во шок, доживеала напад на паника кога сфатила дека тенисерот, најверојатно, има фотографии на кои е разголена.
– Добро е што можам да разговарам со вас и да ја кажам мојата страна на приказната. Овој момент го чекав со месеци, бидејќи жалбата ја поднесов на средината од годината. Сега ми е полесно, бидејќи судскиот систем реагираше. Налбандијан ме снимал доволно долго за да има видеа и фотографии од мене гола, како и други приватни моменти во кои, покрај мене, се вклучени и моето семејство и моите пријатели – изјави Арчели за аргентинските медиуми.
Таа истакна дека била принудена да се движи кога ја открила камерата. Таа тврди дека нејзиното поранешно момче признало дека ја снима, но и дека ништо не се гледа на снимките поради проблеми со Интернетот.
Налбандијан е еден од најдобрите аргентински тенисери на сите времиња. Во кариерата освои 11 турнири, а беше и вицешампион на Вимблдон. Негов најдобар пласман е третото место на АТП- листата. По одличната играчка кариера, заплови во тренерските води и извесно време соработуваше со српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ.
https://twitter.com/i/status/1727427680319217730