Кејти Холмс, која со причина ја нарекуваат „кралица на уличната мода“, додава жива нота на зимската мода која зрачи со стил и боја среде студените улици на Њујорк, пренесе Стандард лајф.
Актерката уште еднаш го покажува својот препознатлив стил и во студените месеци, а овој пат изборот падна на впечатлива комбинација составена од основни парчиња комплетирани со тренди аксесоари.
Класичните фармерки ги искомбинирала со капут во жива црвеникава нијанса, нафрлила волнена капа и на крајот сè заокружила со папучите „Birkenstock Boston“ во зимска верзија со крзно и успеала да изгледа шик, но и да докаже дека никогаш не се откажува од удобноста.