Актерот Ричард Гир (74) двапати бил прогласен за најсекси маж на светот, а за манекенката Синди Крафорд (57) воздивнувале многу мажи.
Тие се венчале на 12 декември 1991 година во Лас Вегас. Тој тогаш имал 42, а таа 25 години.
Се развеле во 2005 година, а секогаш имале почит еден кон друг. Манекенката ретко во јавноста зборувала за својот поранешен сопруг. Поради тоа заинтригирала многу кога во серијата „The Super Models“ говорела за него. Манекенката го запознала него кога имала само 22 години.
„На почетокот од врската додека сте млада жена, велите: Сакаш бејзбол? И јас сакам бејзбол. Навистина сакаш тибетски будизам? Можеби и јас тоа би го сакала. Ќе се обидам. Подготвени сте да се обликувате според тоа во кого сте се заљубиле“, појаснила таа и додала дека престанала да прави работи кои тогаш ги правеле луѓето на нејзини години.
На 63 доделување на Оскарите во 1991 година, одлучила повторно да се пронајде себеси и да биде онаа „вистинската Синди“. Раскажала дека ќе оди на доделувањето само доколку може да биде супермодел.
„Кога се појавив во тој црвен фустан, мислам дека реакцијата беше: Wow, модата се врати на доделувањето на Оскарите“, рекла манекенката. Своевремено кажала и дека бракот не им опстоил поради тоа што немале доволно време еден за друг, но и дека тој знаел дека таа со 22 години и натаму се менува, но сепак таа не сакала да го слушне тоа.
Како и поголем дел од младите и незрели луѓе, мислела дека на 22 години знае сѐ, а 10 години подоцна сфатила дека тоа не било така.
По разводот останале во добри односи, а секој од нив ја нашол сродната душа и го изговорил судбоносното „да“. Ричард се оженил со Кери Лауел во 2002 година, а две години претходно го добил синот Хомер (23), се развеле во 2013 година.
Потоа Гир го освоила Александра Силва, со која се венчал во 2018 година. Имаат двајца синови, Александер (4) и момчето кое го добиле во 2020 година и на кое не му го откриле името.
Синди се венчала во 1998 година за бизнисменот Ренде Гербер. Добиле две деца, синот Присли Вокер (24) и ќерката Каиџа Џордан (22). И двајцата тргнале по стапките на мајка им.