Џорџ Клуни неодамна се пошегува дека неговата сопруга Амал има толку лоши вештини што може да го „убие целото семејство“.
62-годишниот актер откри дека оваа година за Божиќ ќе подготвува мала мисирка, слична на онаа што ја направил за Денот на благодарноста, пренесува Page Six.
„Мојата сопруга е одличен адвокат, еден од најголемите адвокати во светот, но подобро е јас да готвам бидејќи постои шанса сите да умреме ако таа готви“, рече тој во интервјуто за време на премиерата на „Момците во чамецот“ на Амазон во Лос Анџелес, кој го режираше и продуцираше.
Што се однесува до односот со неговите деца, за време на неговата прошетка на црвениот тепих, новинарите го прашале дали децата разбираат кој е нивниот татко. „Тие немаат поим. Едно од децата во училиштето му кажа на нашиот син дека сум познат. Подоцна, син ми ме праша: „Тато, што е тоа познат? – раскажа Клуни.
Да потсетиме, актерот се ожени со адвокатката пред девет години, а во претходно интервју за CBS, парот ја откри тајната на среќниот брак, која е прилично едноставна. Имено, тие никогаш не се караат. Двојката пред шест години доби близнаци: ќерката Ела и синот Александар.