Бредли Купер ја имаше најслатката придружба на премиерата на својот најнов филм „Maestro“.
На филмскиот настан во Лос Анџелес, 48-годишниот актер и режисер зачекори за рака со малата ќеркичка Леа.
6-годишното девојче носеше фустан со леопардски принт од Долче и Габана и златни балетанки.
Бредли, кој ја има главната улога и е режисер на „Maestro“, ја вклучи слатката Леа во филмот. Таа се појавува како малата верзија на ликот Џејми Бернштајн.
Леа е ќерка на Бредли Купер и моделот Ирина Шајк.