Сопругата на Канје Вест прошета „гола“, само со огромна мачка в раце (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Сопругата на Канје Вест, Бјанка Ценсори, го продолжува трендот „без облека“, а овој пат отиде чекор понатаму. Славната двојка, која неодамна се врати во Америка по долг престој во Дубаи, синоќа присуствуваше на роденденската прослава на диџеј Калед и привлече големо внимание.

Сè позабележаната и популарна австралиска архитектка Бјанка го донесе можеби најскудното модно издание досега; металик бикини со прерамки и со капа; а овој пат го покажа и задникот. Бикинито откри речиси се, па белата мачка си ја одигра својата улога.

otkako-se-razvede-od-kim-e-posrekjen-kanje-vest-se-zabavuva-so-soprugata-koja-se-pojavi-vo-nov-skandalozen-autfit-07.jpg

Пред неколку дена, Бјанка се појави во уште едно смело издание во друштво на својот сопруг Канје.

„Канје никогаш не изгледал посреќно“ – коментираат корисниците на социјалната мрежа Икс, откако беше објавено видео на кое се гледаат тој и неговата сопруга на забава во Мајами. Неговата сопруга Бјанка повторно се појави во скандалозен аутфит заради кој многумина останаа со подзината уста.

Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Сенсори во неделата присуствуваа на настан во Мајами и повторно успеаја да привлечат внимание со своите скандалозни аутфити.

Тие беа снимени како се шетаат низ галериите за современа уметност каде се одржува настанот насловен Арт Базел.

otkako-se-razvede-od-kim-e-posrekjen-kanje-vest-se-zabavuva-so-soprugata-koja-se-pojavi-vo-nov-skandalozen-autfit-02.jpg

Додека поранешниот сопруг на Ким Кардашијан се појави во целосно бел стајлинг и со бела марама со која го сокри целото лице, Бјанка носеше проѕирен костим во боја на кожа, под кој ѕиркаа и нејзините брадавици.

Таа изгледот го надополни со крзнена шапка и кадифено големо мече коешто го носеше во рацете.

Иако во изминатиот период имаше гласини дека Канје и Бјанка ќе се разведуваат, откако таа сама беше во Австралија, каде наводно нејзините пријателки направиле интервенција и се потрудиле да ја убедат дека раперот ѝ го уништува животот, парот покажа дека сепак се среќни заедно.

otkako-se-razvede-od-kim-e-posrekjen-kanje-vest-se-zabavuva-so-soprugata-koja-se-pojavi-vo-nov-skandalozen-autfit-03.jpg

На Икс (поранешен Твитер) е објавено едно видео на кое се гледа дека по настанот Канје и Бјанка биле заедно излезени во локал во Мајами каде тој пуштил дел од својата нова музика, а двајцата добро се забавувале.

otkako-se-razvede-od-kim-e-posrekjen-kanje-vest-se-zabavuva-so-soprugata-koja-se-pojavi-vo-nov-skandalozen-autfit-05.jpg

„Канје никогаш не изгледал посреќен“, „На Канје одлично му стои разводот со Ким“, „Никогаш не сум го видел понасмеан“, „Кога Канје е среќен, цел свет е среќен“ – стои во дел од коментарите.

Други, пак, коментираат за смелиот стајлинг на Бјанка и велат дека таа дефинитивно изгледа гола на видеата.

https://twitter.com/i/status/1733966534232711496

 

останати вести