Објавила фотографија од ресторан, па се шокирала кога ѝ стигнала сметка од 58.000 евра

by Тони Зографски

Жена од Кина останала шокирана кога во ресторан во Кунминг добила сметка во износ од 430.000 кинески јуани или 58.000 евра.

Сепак, ресторанот не бил виновен и таа набрзо сфатила каде згрешила.

Жената нарачала неколку локални специјалитети во друштво на пријатели, па решила да направи селфи во ресторанот и да ја објави фотографијата на WeChat, кинеската верзија на Инстаграм. Но, таа не била свесна дека на фотографијата се гледа QR кодот на ресторанот, а нејзините следбеници решиле да се пошегуваат, па го скенирале кодот и почнале да нарачуваат храна.

Тие порачале вкупно 1850 порции патки, 2580 порции лигњи и 9990 порции ракчиња. Кога сфатила што се случило, ја избришала објавата, но нарачките продолжиле да пристигнуваат во ресторанот.

За среќа, ресторанот не ѝ наплатил, а за да не се повтори слично, вовеле нов систем со кој клиентите можат да нарачаат храна користејќи го кодот QE само доколку се во непосредна близина на ресторанот.

останати вести