Џенифер Лопез во фустан со кој ги украде сите погледи (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Џенифер Лопез прошетала на црвениот тепих на доделувањето на наградите на магазинот „Elle“, а токму поради футуристичкиот изглед била една од оние чија модна комбинација привлекла најголемо внимание.

Наградуваната пејачка и актерка заедно со својот сопруг Бен Афлек пристигнала на доделувањето на наградите на магазинот „Elle“ наречени „Women in Hollywood“, а истите биле одржани во Лос Анџелес.

Лопез на доделувањето на наградите носела долг фустан којшто бил составен од два дела – сребрен монохроматски дел којшто ги покривал нејзините гради и класичен долен дел со изрез.

Футуристичкиот горен дел на ова модно издание барал пејачката да се појави без градник, а истовремено го истакнала и својот стомак. Впечатливиот фустан таа го искомбинирала со црни чевли на висока потпетица.

Изгледот го надополнила со висечки обетки, а косата ѝ била собрана во пунџа. Афлек стоел покрај својата сопруга, а бил облечен во класично црно одело со вратоврска.

Славниот пар којшто се венчаше во август 2022 година пред фотографите исто така се бакнал.

Image

Image

Image

останати вести