Хана Стокинг, познатата американска комичарка која на Инстаграм ја следат нешто повеќе од 26 милиони луѓе, девојката која се прослави со скечеви на социјалните мрежи Вајн и Јутјуб, пред некој ден беше оставена во градник и гаќи од некое палаво куче.
Кучето ѝ го украде фустанот и потрча кон сопственикот.
Видеото деновиве стана хит на сите социјални мрежи, особено на TikTok каде веќе собра 20 милиони прегледи, а луѓето го прегледаа со бура од смеа и покрај тоа што најверојатно се работи за скеч.
Имено, Стокинг во тој момент била во друштво на Лела Понс, уште една интернет ѕвезда чија специјалност се духовити испади, па се говори во прилог на тоа дека девојките знаеле што ќе следи.