Мег Рајан по осум години повторно глуми во филмот „Што се случува подоцна“.
Сепак, последните денови нејзиниот изглед повторно е во фокусот на јавноста. Папараците ги објавија нејзините нови фотографии кои предизвикаа бурни реакции на интернет, а многумина напишаа дека претерала со операциите.
“Не можам да обрнам внимание на тоа. Едноставно не можам. Не вреди. Има многу поинтересни работи за кои може да се зборува. Подлоста и омразата се толку глупави”, изјавила 62-годишната актерка за негативните коментари во новото интервју за магазинот Glamour.
Инаку, Рајан никогаш не признала дека направила пластична операција, но еден експерт шпекулира дека не само што „отишла под нож“, туку и постапката била неуспешна. „Таа е во хаос“, изјави познатиот пластичен хирург на лице Др. Сем Ризк.