Џулија Робертс со широка насмевка пленеше на премиерата на нејзиниот најнов филм во Лондон.
На проекцијата на „Leave The World Behind“, 56-годишната актерка привлекуваше погледи во модна комбинација од пролетната колекција на Гучи за 2024 година и невообичаени сребрени обувки.
Робертс позираше со колешката од филмот Михала Херолд и режисерот Сем Есмаил.