Холивудската актерка, Фиби Прајс, прошета по улиците на Беверли Хилс во оскудна божиќна облека, привлекувајќи го вниманието на минувачите. 51-годишната актерка прошета низ пазарот во црвено боди со мрежести чорапи и високи црвени чизми и црвен шал, а подоцна големата капа ја замени со капа и брада на Дедо Мраз.
Друштво ѝ правело мало куче, кое го возела во количка, а потоа насмеано позирала со него. Таа подоцна објави видео на Инстаграм во кое танцува на песната Jingle Bells Rock, споделувајќи го своето празнично расположение со своите следбеници.
Инаку, Прајс се појавила во 24 филмови и серии, а нејзината последна значајна улога беше во филмот Hello Au Revoir од 2021. Покрај глумата, таа дизајнира и капи и ленти за коса кои ги красат водечките бутици во Беверли Хилс.