Ал Пачино е еден од најценетите и најталентираните актери во историјата на американската филмска индустрија. За време на својата импресивна кариера која трае повеќе од пет децении, тој има освоено бројни награди и има добиено статус на икона во светот на глумата.
Првиот значаен успех го постигна со улогата во филмот „Кум“ (1972), каде што го толкуваше ликот на Мајкл Корлеоне. Оваа улога му ја донесе првата номинација за Оскар и ги постави темелите на неговата исклучителна кариера.
Еден од врвовите на неговата кариера беше и филмот „Скарфејс“ (1983), каде што брилира како Тони Монтана, креирајќи го еден од највпечатливите ликови што постоеле некогаш. А потоа брилира во филмското остварување „Мирисот на жената“ (1992), за кој што доби Оскар за најдобар актер, а подоцна и за улогата во проектот Heat (1995).
Ал Пачино и понатаму е активен во филмската индустрија, а неговиот талент и посветеност остануваат неоспорни. Иако важи за голем заводник, никогаш не се оженил. Но има три деца, Џули Мари со учителката по глума Џан Тарант и близнаците Антон и Оливија со поранешната девојка Беверли Д’Анџело.
Покрај тоа што се паметат неговите одлични ликови, се паметат и неговите легендарни изјави. А сите би требало да го усвоиме ставот на Ал Пачино кон блиските луѓе што го предале и повредиле.
„Предавството е составен дел од животот. Родители ги напуштаат своите деца, оние што се заколнале на вечна љубов прекуноќ стануваат рамнодушни, мажот ја остава жената, сите овие ситуации се дел од животниот пат. Кога некој ќе нѐ повреди, важно е да запомниме: тоа не се случило затоа што ние сме виновни или сме направиле нешто погрешно. Кога врне дожд, не се обвинуваме себеси, туку ги затвораме прозорците и чекаме да помине лошото време“, објаснил актерот и додал:
„Штом го сфатите ова, ќе станете имуни и ментално посилни. Почесто би требало да се водиме според овој став. Луѓето поминуваат премногу време барајќи ја вината кај себе, а тоа не помага ни најмалку.“