Александар Вучиќ ги покажа своите фотографии од неговото учество во процесот на правење џимиринки во едно домаќинство.
“Ја посетив куќата-домаќин на семејството Радиќ, во селото Шупљак кај Суботица и имав можност да помогнам во изработката на годинешните џимиринки барем на неколку минути. Се разбира, пробав џимиринки, колбаси и сланина, се што Радиќ го прават за гостите и домаќинството. Сакав да премолчам, но на крајот дојде редот на штрудлата со афион. Семејството е столбот на Србија, а обичаите се тие што не одржаа заедно. Да живее Србија!“, напиша претседателот на Србија.
Тој објави фотографии на кои меша џимиринки.