Марина Абрамовиќ наскоро ќе наполни 77 години, а седум години е во романтична врска со маж кој е 21 година помлад од неа.
Српската изведувачка, писателка и уметничка режисерка со децении работи и живее во Њујорк. Што се однесува до приватниот живот, таа е во љубов со американскиот продуцент и бизнисмен Тод Екерт од 2016 година.
Таа неодамна престојуваше во Европа, поточно во Лондон, каде ја гледаше претставата „Вања“, заедно со нејзиниот партнер.
„Немав деца, нормален семеен живот. Јас сум номад, секоја недела сум на различен меридијан. Кој би можел тоа да го издржи? Има еден човек, се гледаме по хотели. Еве го, наскоро заминува за Њујорк, а јас останувам овде. Неговото име е Тод“, изјави своевремено Марина Абрамовиќ, пренесува „Хелоу“.
Инаку, Марина Абрамовиќ зад себе има два брака и двата траеја по четири години. Во седумдесеттите години се омажи за српскиот концептуален уметник Неша Париповиќ, а во 2005 година се омажи за Италијанецот Паоло Каневари, кој беше 17 години помлад од неа