Славниот италијански фудбалер Кристијан Виери важеше за голем заводник и во текот на играчките денови се забавуваше со голем број на жени, сè додека во 2018-та година не се скраси со Костанца Карачоло, со која има и две деца. Сепак, пред тоа, фудбалерот имал многу врски и афери, а можеби најпозната била таа со манекенката Елисабета Каналис.
Двајцата се забавувале додека „Бобо“ бил во пикот на кариерата, меѓутоа, ни прекрасната Каналис не успеала да го смири неговиот немирен дух.
Бил слаб на жени и постојано ја изневерувал Елисабета, што и самата манекенка признала пред неколку години. „Тој е многу весела личност и многу чувствителна на женски шарм. Ме изневеруваше цело време, но не знаеше тоа најдобро да го скрие“, рекла таа и додала дека поради тоа се „пресметала“ со него.
„Мислам дека тоа секогаш, или речиси секогаш, го откривав. За волја на вистината, доби неколку шлаканици, по што го оставив“.
Ни самиот фудбалер не крие дека било така, само додава дека платил и со автомобилот. „Сериозно ме претепа кога ја налутив. Толку ја разбеснив што со клуч го уништи моето Порше“, рекол Виери, кој инаку не бил единствениот фудбалер со кој била манекенката.
Реџиналдо, поранешен играч на Фиорентина, вели дека врската со Елисабета му ја уништила врската: „Бев само нејзин пастув. Елисабета ме остави мене и немам проблем тоа да го кажам. Тоа беа интензивни 7 месеци кои се дел од мојот живот, но со своите голови докажав дека не сум ноќна птица и човек кој излегува по дискотеки“, раскажал фудбалерот, по кого убавицата била во врска и со актерот Џорџ Клуни.