Досега, аргентинската актерка Фатима Флорез во главно била позната по своите имитации на славните и водењето на емисии, но по убедливата победа на нејзиниот партнер Хавиер Милеи на изборите, 42-годишната ѕвезда ќе биде позната во светот како нова прва дама на Аргентина. Парот прв пат почнал да излегува во јули оваа година, откако се запознал на емисија минатиот декември додека Фатима сè уште била во брак со својот сопруг, пренесува „Daily Mail“. Но, дали неговата самопрогласена „лавица“ ќе успее да го скроти новиот претседател „плејбој“, кој славата ја стекнал фалејќи се со својата сексуална издржливост и љубов кон тројките.
Фатима Флорез – чие вистинско име е Марија Еугенија Флорез – е родена во февруари 1981-ва година и пораснала во Оливос, на периферијата на Буенос Аирес. Се верува дека таткото на актерката Оскар работел како архитект, додека нејзината мајка Марта била наставничка по географија. Парот има три ќерки, а се развел кога Фатима имала 9 години. Во разговор за „Clarin“ во 2014-та година, Фатима рекла дека како дете можела да ја види претседателската вила, каде што нејзиниот партнер сега ќе биде сместен.
Во интервју за „Infobe“ во 2019-та година, Фатима открила дека прв пат го открила својот талент за глума кога била во основно училиште. Како тинејџерка, актерката се борела со сликата за себе и развила анорексија. Во интервју со Пампита Ардохаин во 2018-та година година, Фатима – која како тинејџерка имала 40 килограми – рекла: „Го криев тоа, посебно од родителите, кога ме прашуваа дали сум јадена, лажев“.
Кога имала 17 години, Фатима станала танчарка и се појавила во продукциите на музичарот Папто Цибрианса. Три години подоцна, Фатима се приклучила кон бендот Лас Примас и се преселила во Перу поради работа каде што го запознала својот поранешен сопруг Норберто Маркос, кој е речиси 20 години постар од неа.
Романса со Хавиер Милеи
Во декември 2022-ра година, Фатима го запознала Хавиер Милеи, кога двајцата се појавиле во многу популарната емисија на Мирта Легранд – два месеци пред таа официјално да се разведе со својот сопруг. Во текот на интервјуто, Фатима му рекла на политичарот: „Премногу си сам за својата важна улога. Во октомври парот се вратил во истата емисија и потврдил дека се забавуваат. „Прво се допишувавме на Инстаграм, па почнавме да се гледаме. Се дојде многу природно“, рекла таа.