Познатиот холивудски пар Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас ја прославија 23-годишнината од бракот.
Познатата актерка со своите следбеници на Инстаграм сподели неколку фотографии од нивната венчавка, како и некои важни моменти од нивниот заеднички живот.
Двојката првпат се запознала на филмскиот фестивал во Довил во Франција во 1996 година, а биле запознаени од заедничките пријатели Антонио Бандерас и Мелани Грифит, кои во тоа време беа пар. Даглас таа вечер веќе и кажал на актерката дека ќе биде татко на нејзините деца, но тоа тогаш не и се допаднало.
Сепак, Даглас бил упорен и парот се венчал четири години подоцна. Зета-Џонс го роди нивното прво дете, момчето по име Дилан, три месеци пред венчавката. Три години подоцна, парот ја доби ќерката Керис. Актерот од претходниот брак го има и синот Камерон.