Познатата проститутка Захија Дехар имала само 17 години кога се најде во центарот на вниманието на светската јавност.
Причината? За нејзините услуги често се интересирале познати интернационални фудбалери, а меѓу нив и француските репрезентативци Франк Рибери и Карим Бензема.
Рибери и Бензема се најдоа на столбот на срамот, но и на суд поради интимни односи со малолетничка. Сепак, само неколку години подоцна, беа ослободени.
Од тогаш поминале 13 години, па Захија реши да открие некои детали.
“Скандалот многу ме погоди затоа што не го побарав, ниту го предизвикав. Не пријавив ниту отидов во полиција. Тие дојдоа по мене бидејќи имаа видеа со Бензема”, изјави Захија.
Таа додала дека била искрена и дека на фудбалерите не им открила дека е малолетна и дека не ја принудувале на секс.
„Моето име одеднаш се појави во медиумите. Ме натера дури и да размислувам за самоубиство. Кога те означуваат така, тоа е најлошото нешто што може да ѝ се случи на една жена во ова општество, а започнувањето на возрасен живот после тоа беше многу тешко. “, додаде таа. Сепак, таа успеала да преживее се и денес е успешна актерка, дизајнерка на долна облека и модел.
“Тоа беше многу тежок пат. Избирав помеѓу самоубиство и обидот да го преболам. Невозможна мисија беше да најдам работа и да ги правам работите што ги сакам. Знаев дека секој човек што ќе дојде до мене ќе рече – “Зошто одиш со неа? Знаеш која е таа?’ Тоа би ме уништило“, искрено признала таа и додала дека не ни размислува за љубов.