Доделување на Латино Греми наградите во Севилја донесе големо изненадување. Славниот диџеј Дејвид Гета и актерката Џесика Ледон прошетаа на црвениот тепих, а нејзиниот труднички стомак ја откри радосната вест.
Ледон вчеравечер се огласи и на Инстаграм, пишувајќи: „Имаме голема вест за вас, најголемото соопштение оваа година“. Врската која беше турбулентна стана повеќе од сериозна откако Дејвид Гета и Џесика Ледон раскинаа, па се смирија.
Диџејот се појавил на црвениот тепих на доделувањето на наградите во своето препознатливо модно издание, додека Џесика носела интересен фустан кој го истакнал нејзиниот труднички стомак, кој постојано го допирала.
Гета, кој на 55 години станува татко по трет пат, блескал од среќа.
Музичарот и 25 години помладата Ледон започнаа да се забавуваат во 2015 година, а тој во 2021 година ѝ подари ветувачки прстен наместо веренички бидејќи „повеќе не верува во брак“. Нивното раскинување во октомври минатата година беше големо изненадување.
„Тие имаат долга заедничка историја. Мислеа дека се создадени еден за друг, но не им успеа“, изјави тогаш извор близок до парот. Но, следеше помирување на почетокот на оваа година.
Дејвид и Џесика ја прекинале својата романса и затоа што повеќе не биле компатибилни еден со друг, а за раскинувањето придонесе и фактот што Дејвид Гета во текот на летото живееше на Ибица, а Џесика Ледон во Америка. Славната двојка последен пат се појави на Греми наградите во април 2022 година, пред да одлучи да ја прекине врската.
Откако минатото лето таа објави фотографии на Инстаграм од ноќно излегување со пријателките, започнаа гласините дека љубовта завршила.
Нивната врска започна на многу бурен начин. Сите зборуваа за тоа дека славниот музичар поради помладата партнерка се разведе од поранешната сопруга Кети, со која беше во брак 22 години, од 1992 до 2014 година и со која има две деца, ќерката Енди и синот Елвис.
Со промените во љубовниот живот дојдоа и промените во неговиот физички изглед. Гета стана позгоден од кога било, но и повеќе од кога било беше критикуван поради контроверзниот начин на живот со акцент на љубовните врски.