Сопругата на Роби Вилијамс, Ајда Филд, открила дека двајцата имаат многу строги правила кога станува збор за патувањата со нивните деца.
44-годишната актерка и 49-годишниот пејач секогаш летаат во прва класа, додека нивните 4 деца се принудени да летаат со економска класа.
Таа објаснила дека заедно со Роби седат одвоени од 11-годишната ќерка Теди, 9-годишниот син Чарли, 5-годишната ќерка Коко и 3-годишниот син Бо за да ги научат дека првата класа е привилегија која не ја заслужиле и не можат да седат таму додека самите не можат да си го дозволат тоа.
„Јас вртам лево, тие одат десно“
„Моите деца летаат со економска класа секогаш кога одиме на некое патување со авион. Јас вртам лево, а тие одат десно. Тоа е ужасно. Мислам, луѓето ќе мислат за мене дека сум кучка. Но, не ми е во интерес да одгледувам разгалени детишта. Моите деца ќе седат во економска класа сè додека самите не можат да си го платат другиот дел од авионот“, изјавила Ајда за „The Sunday Times“.
Таа и нејзиниот сопруг не се единствените славни родители кои имаат строги ставови за тоа како да ги воспитуваат своите деца за да не станат типични непо-деца, што е израз кој се користи за сите оние чии родители се познати личности, при што „непо“ е кратенка за непотизам.