Кучето на претседателката на Молдавија, Маја Санду, го касна за рака претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, кој е во посета на Кишињев.
Инцидентот се случил додека двајцата лидери се шетале во градината на претседателската резиденција. Кога Ван дер Белен ја подаде раката да го погали кучето по име Кодрут, тој беше каснат за раката.
Санду се извини на англиски и објасни дека кучето се исплашило поради големиот број луѓе. Ван дер Белен на следниот состанок се појави со завој на раката.
https://twitter.com/i/status/1725268931261202919