Кортни Кардашијан не се огласувала откако на трети ноември го доби синот со сопругот Травис Баркер, а вчера му честита роденден на својот сопруг нa социјалната мрежа Инстаграм.
Фотографиите кои ги објавила по тој повод добиле многубројни коментари и допаѓања, но исто така речиси никој не оставиле рамнодушен.
ТВ-ѕвездата Кортни Кардашијан на тие фотографии позирала топлес. Фотографиите биле забележани додека сѐ уште била бремена.
На една од нив таа е свртена со грб, а има и фотографија на која се гледа како нејзиниот сопруг ја држи за градите.
„На својот сопруг, мојата сродна душа, најдобар пријател, љубовник, татко на нашето синче, моето сѐ… Му посакувам најсреќен роденден. Ти ги остваруваш сите мои желби и се чувствувам благословено што те имам покрај себе. Те сакам неописливо, засекогаш“, порачала Кортни Кардашијан.
Нејзината мајка Крис Џенер синоќа на Фејсбук му честитала роденден на Травис Баркер и му се заблагодарила што нејзината ќерка ја прави среќна и што е прекрасен татко.
Роденденската честитка на Кортни потсетила на насловната страница на „Rolling Stone“ од 1993 година со Џенет Џексон во главна улога.
Фотографиите од познатиот пар многумина ги критикувале, но исто така на другиот дел од јавноста им се допаднале: „Вие сте еден од најубавите парови кои сум ги видела“, „Љубов, доверба и пријателство, ги гледам во вас и искрени се“.
Инаку, Кортни и Травис се венчаа минатата година, а таа од долгогодишната врска со Скот Дисик има три деца, Травис од претходниот брак има две деца.