Адријана Лима прошета по црвениот тепих и ги шокира фановите: Што ѝ се случува со лицето? (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Во Лос Анџелес се одржа премиерата на филмот The Hunger Games: The Ballad of Songbirds & Snakes, а меѓу многуте познати лица се најде и Адријана Лима (42), чие лице збуни многумина.

Манекенката се појави со видно закосени очи и кренати веѓи, што во голема мера го промени нејзиниот препознатлив изглед, па поради тоа многумина ја коментираа промената на социјалните мрежи. Тие се сомневаат во процедурата на лисица очи, која е своевиден тренд во светот и ја испробале многу познати ѕвезди.

Со оваа постапка, надворешниот раб на веѓата се подига нагоре и не ја следи линијата на коската под веѓата како што е вообичаено. Ова ги подигнува аглите на очите и кожата на областа, според Optimax. „Што не е во ред со нејзиното лице?“, „Треба веднаш да откријам што се случи со лицето на Адријана Лима“, гласат дел од коментарите.

Во 2018 година, Лима престана да биде ангел на Викторија и привремено се повлече од манекенството за да му се посвети на семејството. Но, оваа година таа повторно се приклучи на Victoria’s Secret за парфемска кампања и е едно од лицата на колекцијата The Icon by Victoria’s Secret, покрај модните икони Жизел Бундхен, Наоми Кембел и Кендис Свонепул.

Познатата манекенка има три деца. Таа ги има ќерките Валентина (13) и Сиена (10) од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ (44). Минатата година го доби своето трето дете, синот Сијан, со филмскиот продуцент Андре Лемерс (42).

останати вести