Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ долги години е во брак со Александра Чолиќ. Но, Александра не била секогаш дел од животот на големиот заводник.
Имено, неговата прва девојка позната во јавноста била танџерката од неговата придружна група „Локици“ убавата Јасна Дулиќ. Нивната љубов траела четири години, по што и двајцата продолжиле со животот.
Борис Новковиќ, кој воедно е пријател и колега на Здравко Чолиќ, се присетил на момент кога Здравко и Јасна биле во врска.
Борис и до ден денес не може да не се заборави колку Јасна навистина била убава девојка. Толку многу што ученикот Борис завршил во болница за време на неговата слатка шпионажа додека убавата Јасна се туширала.
– Во 70-тите години на минатиот век, кога имав 12 години, имав една случка со Чола која ја раскажувам и до ден денес. Кај нас дојде со својата девојка Јасна, танчерка од „Локици“ која изгледаше одлично. Прикриено се качив на ѕидот на зградата за да шпионирам низ мал прозорец и да ја гледам како се тушира. Потоа паднав, ја скршив раката и завршив во болница. Чола се насмеа, што да му каже на дете. Ми прости за тоа – рекол во една прилика Новковиќ, пренесува Hot.hr.