Рускиот модел, претприемач и инфлуенсерка, Елена Перминова (37), позирала со својот 27-години постар сопруг, познатиот милијардер Александар Лебедев.
Парот се фотографирал во морето, а богаташот ја прегрнал својата помлада партнерка.
Сопружниците живеат во скапа вила, патуваат низ светот и возат најскапи автомобили, но патот на Елена до овој живот не бил лесен.
Родена е во Сибир, каде растела во сиромаштија со нејзината четири години постара сестра. Уште како дете мечтаела да стане модел и сама изработувала закрпи за фармерки како б се истакнала во општеството и привлече внимание.
На 14 години влегла во светот на манекенството, а на 16 се појавила на насловната страница на магазин чие име во превод значи „грешно задоволство“. Тие денови таа се заљубила во наркодилер од нејзиниот град кој бил 16 години постар од неа, а денес вели дека немала поим што прави тој.
„Потполно се заљубив. Не можев да живеам без него. Тој беше мојот живот“, изјавила Елена.
Набрзо, сепак, дознала како нејзиното момче заработува за живот – тој почнал да ја принудува да испорачува дрога на клиентите.
Еден ден му реков: „Не можам повеќе. Тој ми одговори: „Во ред, чао“, се присетила Елена. „Не можете да замислите како се чувствував. Плачев два дена, а потоа го молев: „Те молам, морам да бидам со тебе, ти се враќам.“ Имав само 6 години. Мислев дека сум возрасна, но бев дете. Не разбирав кој е добар, а кој не. Сè уште се чувствувам ужасно поради тоа“, раскажала таа.
Во тоа време, Елена продавала дрога за своето момче во ноќните клубови во Новосибирск и набрзо била уапсена од локалната полиција. Како што изјавила, тогаш била претепана и завршила зад решетки, бидејќи сакале да ја искористат како би дошле до поголемиот број дилери во тој дел од државата.
„Еден ден бев во затвор. Моето момче доби пет години“, изјавила Елена подоцна.
Во тој момент во Думата, долниот дом на рускиот парламент, бил Александар Лебедев, поранешен работен во КГБ, кој се залагал за законот за заштитени сведоци. Таткото на Елена го контактирал и семејството го запознало со случајот на нивната ќерка, молејќи го за помош.
Седев со татко ми и тој ми изгледаше како многу љубезен господин. Се сретнавме многу, многу пати. Тој е толку згоден, толку талентиран, вистински маж. Ме третираше како ангел“, зборувала Елена во интервју.
Лебедев ѝ помогнал на Елена, како што изјавил, не затоа што е убава и има долги нозе, туку „сака сè да биде коректно, регуларно и демократско“.
Убавицата потоа добила полициска заштита, а кога наполнила 18 години, се запишала на економски студии во Москва и почнала да се гледа со Лебедев. Набрзо се вљубиле, а потоа се венчале и добиле 4 деца.
Првото свое дете, синот Никита, го добиле кога Елена имала 22 години, а синот Игор пристигнал две години подоцна. Подоцна, во 2014 година, ја родила ќерката Арина, а во 2021 година и синот Саша.