Познатиот моден дизајнер Том Форд (62), кој по 35-годишна кариера се повлече од модната сцена, во интервју за „Џи-кју“ (GQ) откри доста шокантни детали од својот живот. Тој зборуваше за врската со познатиот писател Иан Фалконер, за студентските денови кога излегувале во познатото „Студио 54“ во Њујорк и за неговите необични навики, пишува „Дејли мејл“.
Том рече дека Фалконе постојано доаѓал со него додека студирале.
„Само си помислив – кутар. Тој нема пријатели. Немав поим дека е геј. Немав поим дека се обидува да ми се додворува “, вели Том.
Како што тој раскажува, на крајот излегле заедно со група пријатели, меѓу кои бил и познатиот Енди Ворхол. Го видел Ијан како се бакнува со друг маж.
„Во ред, овие момци се геј. Отсекогаш сум бил некако заинтересиран за тоа. До крајот на ноќта, Иан и јас имавме орален секс во такси на пат кон неговата куќа помеѓу Осмата улица и Петтата авенија, каде што живееше со фотографот Патрик Мекмулан“, раскажува Том.
Тој се сеќава дека следното утро се разбудил во неговиот кревет целосно вознемирен.
„Што по ѓаволите направив?. И се сеќавам дека му реков ‘ова беше одлично, но, знаете, јас не сум геј’“, продолжува Том.
Исто така, модниот дизајнер во новото интервју откри дека сега, на 62-годишна возраст, почнал да носи долна облека.
„Па, особено со фармерки, бидејќи ги имаат тие искинати делови и во секој момент ќе се случи незгоден потег. Пред 10 години, пред да носам долна облека, во една ситуација погледнав долу и се гледаше тестисот“, додава тој.
Инаку, Ијан Фалконе беше познат автор на книги за деца, кој почина оваа година. Том Форд ја пронајде љубовта со Ричард Бакли, кого го запознал на модна ревија во 1986 година. Тие се венчаа во 2014 година, а во 2017 година го добија синот Александар Џон Бакли Форд со помош на сурогат мајка. Бакли почина во 2021 година на 72-годишна возраст, по долга борба со болеста.