Хрватската инфлуенсерка Ела Дворник беше гостинка на хуманитарното ток-шоу „Женска приказна“, каде проговори за тоа како е да се биде ќерка на позната личност, каква што беше нејзиниот татко – музичарот Дино Дворник.
Таа вели дека растењето во такви околности ја зајакнало и покрај тоа што имало непријатни ситуации и коментари. Исто така, ќерката на Дино Дворник смета дека на децата треба да им се овозможи приватност и слобода, без разлика на професијата на нивните родители.
Би сакала да им всадам некои вредности кои, нема да верувате ми ги всади татко ми. Тој ми рече: Дрогирај се, пиј, само не пуши никогаш цигари.
Ела Дворник (32) беше во брак со англискиот бизнисмен Чарлс Пирс (45), со кого годинава се разведе по четири години брачен живот.
Тие имаат две ќерки – шестгодишната Бали и тригодишната Луми