Актерката и комичарка Ивон Орџи (39), најпозната по улогата на Моли Картер во серијата „Insecure“, во подкастот „Dear Chelsea“ откри дека сè уште е девица. Дел од интервјуто објавено на на Инстаграм профилот на водителката Челзи Хендлер го прикажува нивниот разговор на оваа тема.
На прашањето дали е сè уште девица, актерката одговара дека е.
Таа се чува за брак
Ивон пред неколку години открила зошто сите овие години апстинирала од секс. Рекла дека не сака да го крие девствениот статус само затоа што е на телевизија и дека одлучила да нема секс пред брак. Таа вели дека многу луѓе ја прашуваат за тоа.
„Луѓето прашуваат за тоа, затоа што се љубопитни или можеби не разбираат. Како ќе ја разберат вистината ако јас не зборувам отворено за таа тема ? Секој измислува своја констатација“, изјавила таа.
Последниот човек со кој беше јавно поврзана беше Емануел Ачо, поранешна фудбалска ѕвезда и спортски коментатор. Двајцата објавија дека се забавуваат во 2018, но веќе во 2019 година ја раскинаа врската.