Се тепаат за девојка, па се вмеша и бабичка со кеси (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На социјалните мрежи се појави видео, наводно снимено во Санкт Петербург, на кое се гледа жестока пресметка меѓу две млади момчиња.

На почетокот гледаме дечко со букет цвеќе како клечи пред девојка, а не е јасно дали ја моли, бара прошка или ѝ се додворува. Неколку секунди подоцна, настанува хаос.

Во кадарот се појавува уште еден млад човек кој зема солзавец и го прска „противникот“ во лицето, а потоа започнува пресметката.

Девојката за момент се оддалечила, бидејќи момчињата сериозно се тупале, се бореле, а потоа се обидела да ја смири ситуацијата.

Не ѝ успеало, па на крајот случаен минувач, постара госпоѓа, која мавтала со торба наоколу, се обидела да ги раздвои.

Не го знаеме епилогот од приказната, особено улогата на младиот човек кој дојде „опремен“ со солзавец. Видеото е објавено на бројни странски портали каде нема информации за позадината на конфликтот, објави Телеграф.

останати вести