Утринава “спасен“ е толстолобик во езерцето кај кафе барот Џентрал Парк во Градскиот парк. Примерокот е долг над еден метар и тежок околу 15 килограми.
Возбудените риболовци откако се сликаа со рибата, ја вратија назад во водата.
Толстолобикот е вид крупна слатководна риба со потекло од Кина. Има јак скелет, широка глава и дебело чело и со тело обложено со ситни крлушки. Во Европа и во Македонија има два вида толстолобик, сив и бел. Го карактеризира тоа што расте брзо, многу јаде а цревата му се 15 пати подолги од неговото тело. Го има во некои води во Македониjа како Велешко и Крушевско Езеро и во некои помали акумулации.
Се поставува прашање, како оваа риба се нашла во езерцето во Градскиот парк.
Фото: Фејсбук