ЛИЛА ФИЛИПОВСКА ИСКРЕНО: Облече розово во знакот на канцерот на дојка

by Тони Зографски

Вчера беше последниот ден од октомври, а како што добро знаеме месец октомври е месецот на подигнување на свеста за канцерот на дојка.

По тој повод Лила Филиповска облече розово, се фотографираше и ги објави фотографиите на социјалната мрежа Инстаграм под кои напиша мотивирачки и емотивни зборови во контекст со канцерот.

Лила воедно се потсети и на борбата низ којашто помина по дијагнозата канцер на дојка и од која излезе како вистински победник со круна на главата.

„Отсекогаш розовата ми била една од омилените бои (иако ретко ја носам), а сега дефинитивно ми е најомилена.

Па, јас сакам да го гледам светот со розови очила, така е многу поубав, така го гледав и периодот што е зад мене, а сега облеков розово за да ве потсетам драги мои дами редовно да се прегледувате и да не чекате, бидејќи раната превенција значи живот!

Изберете живот и не заборавајте канцерот не знае ни кои сте, ни колку години имате, ни од каде доаѓате. Проверете се и уживајте во животот“.

„Каде е свеста на пациентите кои дозволуваат да бидат прегледани од радиолог? Ние имаме проблем со свеста кај луѓето. Јас одлучувам кому ќе верувам. Каде ни е свеста?“, вели водителката Лила Филиповска на панел дискусијата на универзитетот ФОН на тема: „Дами, проверете се“.

 

останати вести