Според информациите на порталот „24Инфо“, Перо Антиќ се степал во ноќен клуб со поранешното момче на неговата поранешна девојка.
Имено, тепачката како што пишува порталот настанал во ноќен клуб. Наводно, Цобе, кој е исто така поранешно момче на манекенката Катарина Ивановска побарал Антиќ да го напушти клубот, но претседателот на КФСМ одбил.
Токму и во тие моменти започнала и тепачката. Според информациите, Цобе сакал да го погоди Антиќ со флаша и чаша, но место тоа погодил трето лице по што реагирало обезбедувањето и Антиќ бил отстранет од клубот.
Антиќ неодамна во емисијата „Жешко столче“ за првпат зборуваше за разделбата со Ивановска.
„Секој прави грешки во животот, така да треба да се научи со грешките и едноставно за мене кога ќе си со некој во врска, треба да сте вие двајца, а да нема попатни уште сто луѓе во таа врска. Ништо не е грешка во животот, се е школа – ако ја повторам таа грешка, ќе биде грешка“, изјавил тогаш Антиќ.
Засега официјални информации или изјава на Антиќ за случајот нема.