Актерката и поранешна девојка на Канје Вест, Џулија Фокс, секогаш се појавува во јавноста во разголени изданија, а овојпат под изрезите покажала повеќе отколку што веројатно планирала..
Џулија секојпат одново шокира со изборот на облека која во повеќето случаи и не може да се нарече „облека“ бидејќи не прекрива речиси ништо, а така било и овојпат.
Иако горниот дел од кожниот црвен фустан изгледал пристојно, долниот дел имал широки изрези кои, додека Џулија одела, ја откриле нејзината долна облека во беж боја.
Но, Фокс како и секогаш изгледала како да не ѝ пречат љубопитните погледи и гордо позирала пред папараците. Фустанот го надополнила со црвена бунда и црвени високи потпетици.
Инаку, светот ја запозна Џулија преку филмот „Uncut Gems“ во кој глуми покрај Адам Сендлер, а подоцна беше кратко во врска со контроверзниот рапер Канје Вест.
Покрај актерската, Фокс гради и манекенска кариера и е голема ѕвезда на ТикТок.