Оди кон мрежата без гаќички, крева здолниште, фотографот реагира во вистински момент…останатото е историја!! Сликата направи богатство, а убавата манекенка се омажи за милионер!
Најпровокативната фотографија од тениското игралиште е направена далечната 1977 година, а легендата за неа се уште живее.
Имено, една девојка е фотографирана без гаќички како оди кон мрежата додека во раката држи рекет. Во еден момент таа го подигна здолништето, фотографот кликна и сликата стана еротско ремек дело со молскавична брзина.
Фотографијата за прв пат е објавена во 1977 година, а изданието е посветено на 25-годишнината од стапувањето на тронот на британската кралица Елизабета Втора. Издавачот ја продаде оваа фотографија како постер една година подоцна, а набрзо таа продаде повеќе од два милиони примероци и заработи милиони од неа.
Се верува дека фотографот е Мартин Елиот, а неговата девојка Фиона Батлер била модел. Наводно, во септември 1976 година ја замолил да му помогне, а бидејќи не играла тенис, од пријател позајмила рекет и рачно сошиен фустан. Од татко си земала патики, а од едно од кучињата биле земени тениски топчиња.
Оваа приказна заврши со тажно бидејќи фотографот умре во беда во 2010 година, а Фиона на крајот се омажи за милионер.
„Бев наивна и не добив ништо за фотографијата, иако стана една од најпродаваните во Велика Британија и светот. Но, секогаш кога ќе ја погледнам, не можам а да не се насмеам сеќавајќи се на безгрижните и среќни години“, изјавила некогашната манеканка Фиона пред неколку години кога позирала со фотографијата која ја прослави.