Најпознатата хрватска старлета, Нивес Целзиус повторно ги воодушеви фановите на социјалните мрежи.
Старлатата, писателка, актерка, музичарка и инфлуенсерка Нивес на својот Инстаграм објави фотографија со својата ќерка и сестра која е во друга состојба.
Сакаше да се пофали, а фановите и честитаа и рекоа дека има неверојатна сличност меѓу неа и нејзината сестра, а нејзината ќерка пораснала во убавица.
Сепак, имаше еден критичар.
„Дебела си како свиња“ гласеше неговиот коментар под сликата на која е Ниевес во фустан.
Целзиус го забележал коментарот и решил да му одговори.
„Точно е, ние дебелите прасици носиме облека со големина 38 и сме многу горди на својот изглед. Само не ми е јасно зошто вашата не толку мудра ќелава глава се мачи со животите на недостижни“, одговорила Целзиус, пренесува „Експрес“.