Хрватската уметница, академскa сликарка и инфлуенсерка Денис Гргиќ на пошироката јавност ѝ е позната по учеството во шоуто „Танц со ѕвездите“, каде танцуваше со менторот Јаков Бјелца.
Убавата и атрактивна Денис, која ја нарекуваат и „Хрватска Меган Фокс“, на социјалните мрежи често објавува заносни и креативни комбинации, а овој пат позираше во Ватикан.
На фотографиите Денис вози зелен скутер, болечена во син краток фустан и сандали со високи потпетици. Косата ѝ е пуштена под бело-зелениот шлем. Од двете фотографии, се издвојува втората, на која Денис го крева фустанот и го покажува задникот на улиците на Ватикан.
По објавата на фотографиите, пристигнале и комплименти за изгледот на инфлуенсерката, а некои дури и се насмеале во коментарите.
Денис, инаку, често престојува во Италија, и споделува фотографии со своите следбеници на Инстаграм.
Денис често објавува свои провокативни фотографии на Инстаграм, а ја следат повеќе од 90.000 луѓе.