Сандра Булок за првпат фотографирана со ќерката по смртта на нејзиниот партнер Брајан Рендал (ФОТО)

by Тони Зографски

Сандра Булок беше за првпат фотографирана во јавност по смртта на нејзиниот партнер Брајан Рендал.

59-годишната актерка со 11-годишната ќерка Лајла беа на прошетка во Лос Анџелес, кога беа затекнати од фоторепортерите.

Сандра го изгуби саканиот во август оваа година. Тој тајно боледуваше од АЛС (Амиотрофична латерална склероза), а почина на 57-годишна возраст.

Сандра и Брајан се запознаа во јануари 2015 година, а по неколку месеци ја открија нивната врска пред јавноста.

Булок има две посвоени деца, кои ги растеше заедно со Рендал.

останати вести