Дали некогаш сте слушнале за легендарниот италијански плејбој Маурицио Занфанти?
Во Италија го паметат како „Ромео од Римини“ – страстен љубовник и неодолив заводник кој го користел најмоќното оружје за заведување на жени – љубезноста.
Популарноста ја стекнал во 70-те години на минатиот век додека работел како промотор на ноќни клубови во Римини и околината. Како што се зборува, Маурицио знаел да заведе и по 200 жени по сезона, а тврдел дека спиел со повеќе од 6000 жени во животот.
Занфанти починал на 63-годишна возраст и тоа правејќи го она во кое најмногу уживал, пишуваат италијанските медиуми. Наводно, на Маурицио му се слошило додека водел љубов со 23-годишна Романка на задното седиште од автомобилот.
Најдраги му биле дамите од Германија и Скандинавија. Зимите ги поминувал работејќи во туристички агенции низ Скандинавија, летниот период работел во Италија, а своевремено се фалел и дека ја одвел во кревет и новинарката од Франција која дошла да го интервјуира.
„Тој беше најуспешниот италијански заводник“, и ден-денес пишуваат италијанските медиуми. Во паричникот секогаш ги носел тестовите кои ги правел за сексуално преносливи болести, за да докаже дека е негативен, но тврдел дека дамите никогаш не го прашувале за тоа.
„Мислам дека направив повеќе за промоција на овие области отколку 100 туристички агенции“, изјавил пред смртта Занфанти, кој секогаш истакнувал дека треба да се биде љубезен кон дамите, а останатото само ќе си дојде…