Пропуштањето тренинзи не е опција за Никол Шерцингер, па не е чудно што на средината на петтата деценија изгледа подобро од порано.
Папараците ја сретнаа Никол Шерцингер пред два дена во Лондон. Додека многумина не сакаат да носат облека со боја на кожа, бидејќи таа може да ги открие сите „недостатоци“, таа мисли поинаку. Фустанот на прерамки можеби е подзаборавен модел, но тоа не значи дека ги изгуби важноста и добрата репутација.
Овој вид фустан е еден од најатрактивните модели. Ни се допаѓаат и светкавите детали на облеката и големата сличност на тоалетата и чантата, а не не’ разочараа ниту сандалите.