Лесли Максвел, која има 66 години и живее во Мелбурн, редовно поминува време во вежбалница и благодарение на својата посветеност, изгледа навистина импресивно. Нејзината кондиција и изглед оставаат без здив, па не е ни чудо што привлекува големо внимание, особено од страна на спротивниот пол, дури и поголемо од нејзината внука!
Лесли на својот инстаграм-профил редовно споделува провокативни и разголени фотографии, а повеќето се направени токму во фитнес-сала, каде што обожава да тренира со својата внука Тиа. Интересно е што Тиа признала дека баба ѝ ѝ е сериозна конкуренција, кога станува збор за привлекувањето машко внимание. Тиа изјавила:
„Изгледа феноменално за своите години, а тоа им е многу интересно на мажите. Ми се јавуваат и момци од 18 години, што навистина е смешно. Понекогаш се прилично експлицитни.“
Лесли, од своја страна, сите тие коментари и пораки ги сфаќа како комплименти, иако станува збор за значително помлади мажи.
И додека Тиа ужива во тоа што нејзината баба привлекува огромно внимание на Инстаграм, ќерка ѝ на Лесли, Ванеса, која не е толку заинтересирана за фитнес, не е толку воодушевена од објавите на мајка ѝ на Инстаграм. Ванеса изјавила:
„Тоа, сепак, е мојата мајка, не е ќерка тинејџерка или нешто слично. Не сакам да се менува, туку само малку да се смири.“
Лесли, од друга страна, своите објави на Инстаграм ги смета за дел од нејзината работа. Таа рекла:
„Многу ме интересира фитнесот и секогаш сум во вежбалница во разголена облека, но и се натпреварувам, па навикната сум да излегувам на сцена во мало бикини. Немам проблем да покажувам такви фотографии. Не се срамам од своето тело. Морам да бидам производ на она во коешто верувам. Не сакам да се покривам и ако сакам да го покажам своето тело, ќе го покажам. Зошто да бидеш стар и болен ако не мораш, зошто да не бидеш на врвот на светот?“
Лесли одлучила да стане личен тренер кога имала 48 години и таа година победила на своето прво натпреварување во фитнес. Смета дека нејзиниот младешки изглед се должи на строгиот фитнес-режим и на фактот дека тренира најмалку пет пати неделно. Во минатото Лесли работела како шминкерка и на промоции, но денес им станала инспирација на многумина, благодарение на својот животен став и на посветеноста на физичката активност.